Хофенхајм победи со пресврт на гостувањето кај Келн

Фудбалерите на Хофенхајм славеа на гостувањето кај Келн со 2:1, во првиот натпревар од 11-то коло на германската првенство.

Келн поведе со погодокот на Жон Кордоба во 34 минута. Пресвртот во второто полувреме го најави Саргас Адамјан кој во игра влезе по пауата и израмни веќе во 48 минута, а врз него беше направен и прекршокот по кој победата на Хофенхајм му ја донесе Јирген Локадија од пенал во осмата минута од судиското продолжение.

Со шестата победа сезонава Хофенхајм дојде до 20 бодови и моментално е на второто место, со два бода помалки од водечката Борусија од Менхенгладбах. Келн со седум бодови остана на 17-то место во зоната на испаѓање.

Во сабота се играат мечевите Херта – РБ Лајпциг, Мајнц – Унион Берлин, Шалке 04 – Фортина и дербито на колото Баерн Минхен – Борусија Дортмунд, а во недела на распоред се дуелите Борусија Менхенгладбах – Вердер, Волфсбург – Баер Леверкузен и Фрајбург – Ајнтрехт.