Хојт Ји доаѓа во дводневна посета на Македонија

Заменикот државен секретар за Европа и Евроазија, на САД, Хојт Брајан Ји, во недела доаѓа во дводневна посета на Македонија.

Од американската амбасада, информираа тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на собранието Талат Џафери, со лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, и како што се посочува од амбасадата на САД во Скопје, со „избраниот претседател“ на Собранието, Талат Џафери .

Исто така, американскиот дипломат треба да има средби и со претставници на граѓанското општество, но не се наведува дали се подразбира и со иницијаторите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, и со дипломатската заедница.

Според сопштението на Стејт департментот Ји доаѓа во Македонија „за да ги вклучи политичките лидери околу состојбата за формирање на влада, околу билатералните односи, и реформите потребни за евроатланска интеграција“.