Холандија ќе ослободи 4.000 осуденици поради преполнетост на затворите

Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната бидејќи нема доволно места во затворите, објави денеска холандскиот портал „EenVandaag“.
Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани и жртви, сè уште се на слобода.

Државниот секретар за правда и безбедност, Ингрит Кунради, рече дека сегашната ситуација добила „црн статус“, што значи дека нема повеќе слободни места во затворите во Холандија за прифаќање на нови осуденици.