Холандија и Шпанија во финалето на женското ракометно СП

Репрезентациите на Шпанија и Холандија ќе играат во финалето на Светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во јапонскиот град Кумамото.

Холанѓанките ја изненадија фаворизираната Русија со 33:32, а во второто полуфинале, Шпанија беше убедлива против Норвешка, и триумфираше со 28:22.

За Шпанките, ова ќе биде прво историско финале на женските ракометни мундијали, додека Холандија по вторпат ќе се бори за злато.

Русинките ги добија сите натпревари досега, но киксираа кога беше најпотребно и останаа без финале, Холанѓанките со три порази на СП се финалистки. Шпанија завчера загуби со 10 гола разлика од Русија, но си ги чуваше силите и триумфираше во полуфиналето со што си обезбеди медал.