Холандија претстави нова безбедносна стратегија, ги повика граѓаните да бидат внимателни

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра и министерката за правда Дилан Јешилгес-Шехеријс претставија нова безбедносна стратегија, во која се предупредува на предизвиците за „геополитичката, дигиталната и економската безбедност“ на земјата и ги повикаа граѓаните да бидат внимателни.

Новата безбедносна стратегија поставува три главни цели дефинирани како: „безбедно Кралство Холандија во мултиполарен свет“, „отпорен демократски правен поредок“ и „подготвено и отпорно општество“, пишува бриселски „Еурактив“.

„Рускиот напад врз Украина јасно покажува дека европската безбедност е загрозена, но тоа не е единствената закана. Предизвиците за „геополитичката, дигиталната и економската безбедност на земјата“ бараат „сеопфатен, проактивен, силен одговор“, и на национално и на меѓународно ниво, рече Хукстра.

Тој истакна дека безбедноста на Холандија бара силна соработка во Европа и во НАТО, како и на глобално ниво.

„Ги повикуваме граѓаните, компаниите, граѓанските организации и другите институции да преземат свои мерки против безбедносните закани“, изјави Јешилгез-Сехеријус.

Апсолутна безбедност не постои, рече таа и додаде дека треба да се биде внимателен и подготвен за неочекувано влошување на безбедносната состојба.