Холандија со победа над Сенегал го започна Светското првенство во Катар

Холандија со два гола во финишот го совлада вечерва Сенегал 2-0 (0-0) во рамки на воведното коло во групата А на Светското првенство во Катар.

Сенегал беше повеќе од рамноправен противник на дуелот на „Ал Тумама“ стадионот во Доха, но откако не реализираше неколку изгледни шанси за гол, казната дојде на спротивната страна.

Прво во 84. минута Коди Гакпо со прецизен удар со глава и донесе водство на Холандија, а печат на стартната мундијалска победа стави Дави Класен во деветтата минута од судиското продолжение.

Вчера на отворањето на Мундијалот во истата група Еквадор го совлада домаќинот Катар со 2-0.

Во следното коло, Холандија ќе игра против Еквадор, додека домаќинот Катар против Сенегал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.