Холандија подобра од светскиот шампион Франција

Во најпривлечниот натпревар од петочната програма на Лигата на нациите на УЕФА, фудбалерите на Холандија со 2:0 ги совладаа светските шампион во дуелот од Групата 1, од најквалитетната класа од ова натпреварување.

Холандија, којашто имаше дури 11 удари повеќе кон противничкиот гол, 18 – 11 од кои соодносот во рамките на голот беше 11 – 2, поведе со голот на Георгино Вијналдум во претпоследната минута од првото полувреме. Во второто полувреме домашните имаа многу можности за зголемување на водството но чудесно вечерва францускиот гол го чуваше Уго Љорис, кој спречи поубедлив пораз на светските прваци. Сепак, не можеше да ја одбрани „паненката“ за конечните 2:0 во 96 минута, која ја изведе од белата точка Мемфис Депај.

а во Лигата Д Македонија која го совлада Лихтенштајн на гости, во понеделник на свој терен треба да освои барем бод за да биде прва.

Поредок во лигата Лига А: Франција има седум бодови, Холандија има шест а Германија само еден. Во последното коло Франција е слободна, додека Холандија и’ гостува на Германија и има шанси да ги прескокне „Триколорите“.

Во Лигата Б, во Групат 2 Словачка ја совлада Украина со 4:1. Головите за домашните ги постигнаа Руснак во 6, Куцка во 26, Зрелак во 53 и Мајк во 61 минута, а за гостите во 47 минута погоди Конопњанка.

И покрај поразот Украина е недостижна во групата и има 9 бодови, а по три бода имаат Чешка и Словачка.

Во Лигата Б, во Групата 4 Данците во Кардиф победија против Велс со 2:1 и го обезбедија првото место во групата. Гостите поведоа преку Јоргенсен во 42 минута, а водството го удвои Бејтвајте во 88 минута, а веќе во следниот напад Герет Бејл ги врати надежите на домашните.

Данска води со седум бодови пред Велс кој има шест, а Република Ирска има еден бод.

Во Групата 4 од Лигата Ц, Бугарија во последните моменти од мечот о голот од пенал на Димитров успеа да извлече бод на гостувањето кај Кипар. Домашните водеа од 24 минута со погодокот на Захариу.

Во истата група Словенија поведе пред своите навивачи во 9 минута со голот бна Вербич, но гостите од Норвешка израмнија преку Јохнсен во 85 минута.

Во оваа група Норвешка и Бугарија водат со по 10 бодови, Кипар има пет а Словенија два бода.

Во Групата 4 од Лигата Д Македонија ја совлада селекцијата на Лихтенштајн со 2:0.

Гибралтар кој сензационално ја шокираше Ерменија на нејзин терен, поведе преку Де Бар уште во 10 минута, но подоцна следеа дури четири голови на Мовсисјна во 27, 48, 52 и 54, а стрелци беа ушет и Карташјан во 66 и Карапетјан во 90+4 минута. Присли претходно во 78 минута го постигна вториот погодок за Гибралтар.

Македонија води со 12 бодови, Ерменија има 9, Гибралтат 6 а Лихтенштајн 3 бода.