Холандија во последната минута на завршниот турнир на ЛН

Фудбалската репрезентација на Холандија е последниот учесник на завршниот турнир на првото издание на Лигата на нациите, а до првото место во групата 1 стаса одигрувајќи 2:2 против Германија во Гелзеркирхен иако на пет минути до крајот беше во заостанување со 0:2, со што ги елиминираше двата последни светки прваци – Французите и Германците.

Германија, за која овој меч немаше значење во ова натпреварување туку победа и’ носеше позиција на носител на група при ждребот за Европското првенство, поведе со головите на Вернер во 9 и Сане во 20 минута, во периодот кога нејзините фудбалери целосно доминираа на теренот и се чинеше оти „лалињата“ ќе ја испуштат шансата. Но Холанѓаните сепак освоија бод кој им го обезбеди првото место, со головите на Промес во 85 и Ван Дијк во 90 минута.

Холандија го освои првото место со 7 бодови, како и второпласираната Франција, но беше подобра во меѓусебните дуели, додека Германија остана последна со 2 бода и се сели во понискиот ранг од Лигата на нациите во Лигата Б.

Уште претходно за завршниот турнир се пласираа Португалија, Англија и Швајцарија. Тој најверојатно ќе се игра во Португалија, иако се кандидираа и Италија и Полска. Но бидејќи во саботата навечер со ремито кај Италија се квалификуваа за „фајнал форот“. Португалците создадоа услови да бидат домаќини. УЕФА тоа треба и официјално да го потврди, а полуфиналните дуели ќе се играат на 5-ти и 6-ти јуни 2019 година, а финалете и дуелот за третото место три дена подоцна на 9-ти јуни.

Чешка избори опстанок во Лигат Б откако дома со 1:0 ја победи Словачка со голот на Шик во 32 минута. Во оваа група Украина се со 9 бодови се пласираше во Лига А, Чешка освои 6, а Словачка со 3 бода оди во Лигата Ц.

Во Лигата Б во следното издание на Лигата на нациите ќе игра и Норвешка којапобеди во Групата 3 во Лигата Ц, со триумфот од 2:0 на гости кај Кипар. Норвежаните натпреварувњето го завршија со 13 бодови, Бугарија освои 11 откако вечерва во Софија одигра само 1:1 против Словенија која од претходно испадна во Лигата Д.

Македонија рутински ја обезбеди пласманот во повисокото ниво Лигата Ц, со победата над Гибралатар и освои 15 бодови, пет повеќе од втората Ерменија.