Холандската полиција откри најголема лабораторија за кокаин

Холандската полиција откри најголема лабораторија за производство на кокаин, што се наоѓала во поранешно училиште за јавање коњи во градот Нивен, на север во државата.

Најмалку 17 лица се во притвор, вклучително и 13 колумбиски државјани, тројца Холанѓани и еден Турчин. Сопственикот на некогашното училиште за јавање бил еден од уапсените холандски државјани, објави The Guardian.

Полицијата соопшти дека за време на рацијата биле пронајдени десетици илјади литри хемикалии и 100 килограми кокаин.

Лабораторијата била опремена да произведува меѓу 150 и 200 килограми кокаин на ден, чија улична вредност е меѓу 4,5 и осум милиони евра.

„Ова е најголемата лабораторија досега пронајдена во Холандија“, изјави полициски портпарол.