Холандската Влада ќе усмрти уште 300.000 пилиња заразени со птичји грип

Холандската Влада денеска соопшти дека ќе бидат усмртени уште 300.000 пилиња заразени со птичји грип на фарма во јужниот дел од земјата.

На почетокот од септември, во Холандија беа забележани околу 30 жаришта на птичјиот грип. Кога започна годинава, ги имаше десетина.

Од крајот на октомври, кога е откриена нова варијанта на птијчи грип, во државата се усмртени речиси шест милиони пилиња.

Изминатите недели жаришта на птичји грип се појавија и во Франција, откако претходно годинава, таа беше погодена од најголемата епидемија на болеста некогаш забележана.