Холандски експерт ќе ја развива прилепска „Милина“

Холандскиот експерт во индустријата за производство на сладоледи, Мишел Липс, ќе му помага на менаџментот на прилепската компанија „Милина“ во нејзиниот развој на домашниот и на странскиот пазар.

Холандскиот експерт ќе биде ангажиран во прилепската фабрика како дел од проектот на македонската влада  за ангажирање на странски експерти за потребите на домашниот бизнис сектор.

Прилепската  компаниите во однос на ангажирањето на странскиот експерти ќе треба да обезбеди негово сместување, а неговите дневници за надомест за работата и превозот, ќе ги покрие Владата и меѓународните организации.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.