Во Македонија задутре пристигнува холандскиот премиер Марк Руте. Ова е прва посета на премиерот на Холандија на земјава, кој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.
Руте пристигнува во период на длабока политичка криза, ден пред гласањето доверба на владата што денеска го иницираше опозицијата поддржана од Беса.
Холандскиот премиер пред еден месец на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо, Словенија, порача дека неговата земја ќе стори се што е во нејзина моќ за да го одблокира почетокот на преговрите за Македонија. Руте тогаш изрази надеж дека тоа би требало да се случи по завршувањето на изборите во Бугарија во ноември