Холандскиот премиер песимист за договор за планот за закрепнување на ЕУ

EPA/JULIEN WARNAND

Холандскиот премиер Марк Руте во вторникот изјави дека е песимист околу шансите да биде постигнат договор за планот за економски закрпенување на самитот на челниците на Европската унија кој започнува во петок.

„Реакциите зад кулисите на нашите предлози не ми влеваат надежи за постигнување договор“, изјави Руте во парламентот на Холандија.

Руте изминатите денови одрежа низа дебати во „четири очи“ со челниците на земјите во ЕУ кои настојуваа да го убедат да го прифати предложениот план за закрпенување во износ од 750 милијарди евра кој го поддржуваат Франција и Германија.

Меѓутоа, Руте сѐ уште се спротиставува на идејата на членките на ЕУ преку планот за закрпенување да им се доделуваат голем дел неповратни средства, освен доколку тие не најдат начин дека ветените реформи во замена за парите навистина и ќе ги спроведат.

„Субвенциите треба да дојдат под многу строги услови, тое е единствениот начин. Не би можел да објаснам како моќе да даваме неповратни средства без ветувања за сериозни реформи и осигурување дека тие навистина ќе се спроведат. Но не верувам дека оваа идеја ќе биде прифатена“, рече Руте.

Европската комисја предложи амбициозен план во износ од 750 милијарди евра за заздравување на економујата во ЕУ, кој се состои од 500 милијарди евра неповратни средства и 250 милијарди евра во заеми.

Германската какцеларка Ангела Меркел ја презема улогата на посредник во преговорите откако Германија на 1-ви јули го презема претседателствувањето со ЕУ. Минатиот четврток таа разговарапе со холандскиот премиер, кој во петокот во Хаг се сретна со италијанскиот колега Џузепе Конте.