Холандските државни од мобилните треба да го отстранат TikTok

Холандските државни службеници наскоро веќе нема да смеат да ја користат кинеската апликација TikTok на своите службени паметни телефони, објави холандското министерство за внатрешни работи во вторникот, по сличните одлуки во повеќе европски земји кои го следеа примерот на САД.

Холандското министерство за внатрешни работи соопшти дека го обесхрабрува користењето на апликацијата од „земјите со агресивни кибернетички програми насочени на Холандија или холандските интереси“ на владините телефони.

Холандската разузнавачка служба AIVD во февруари година ги наведе Кина, Русија, Иран и Северна Кореја како земји коишто поседуваат таква „агресивна кибернетичка програма“, што создава според нив ризик од шпионска активност.

Белгија, исто така, претходно во март го забрани користењето на мобилната апликација TikTok, во сопственост на кинеската технолошка компанија „ByteDance“, на телефоните и компјутерите на службениците во федералната влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.