Холанѓанец казнет со 550 евра за кражба на монети од римска фонтана

Холанѓанец, кој бил фатен како зема парички фрлени во ренесансната фонтана на Рим, ќе мора да плати казна од 550 евра.

Полициските службеници го фатиле „на дело“ во раните утрински часови, соопшти локалната полиција во неделата, пренесува агенцијата Ansa.

Триесет и шестгодишниот маж влетал во Фонтана дел Моро на плоштадот Навона, на кој се собираат туристи кои ја разгледуваат италијанската престолнина, и вообичаено за среќа фрлаат парички во римските фонтани. Откако Холанѓанецот сфатил дека го забележале полицајците, се обидел да ги сокрие монетите, се наведува во полициското соопштение.

Римскиот градски совет од неодамна воведе строги правила за недозволено однесување во јавноста, како што се капење во фонтаните и консумирање алкохол на улиците по 23 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.