Холанѓаните гласаат на локални избори и на референдум за овластувањата на тајните служби

Холанѓаните во средата гласаат на локалните избори на коишто добри резултати десничарските партии, како и на референдумот за ширење на владините овластувања во надзорот врз граѓаните.

Повеќе од дванаесет милиони избирачи гласаат за советници во 380 локални управи. Избирачките места се затвораат во 20 часот. Меѓутоа, локалните избори се годинава во сенка на референдумот за новиот закон за безбедност со кој на тајните служби им се даваат широки овластувања во надзорот на податоците на интернет.

Референдумот за законот кој на холандската тајна служба AIVD би ѝ овозможил во потрага по информации да инсталира прислушни уреди на оптичките кабли го побараа студентите во Амстердам. Гневни поради она што го сметаат за прешироки овластувања, студентите собраа доволно потписи за распишување на необврзувачкиот референдум за законот кој на сила би требало да стапи на 1-ви мај.

Поборниците на законот велат дека тој на тајните служби дополнително ќе им овозможи оспособување за надзор на опасните групи, како што се џихадистичките организации. Премиерот Марк Руте, кој е еден од оние во владата кои ги повикаа гласачите да го поддржат законот, тврди дека тој ќе помогне во заштитата на земјата и граѓаните.

Една од последните анкети покажа дека 53 отсто од оние кои планираат да гласаат на референдумот, го поддржуваат законот, додека 34 проценти се против него.

Локалните избори се сметаат за тест за десничарскиот челник Геерт Вилдер и неговата Слободарска партија (PVV). Тој се надева дека партијата ќе влезе во триесетина локални восвети, што е неколкукрато повеќе отколку сегашните шест. Конкуренција во десниот спектар ќе му биде Форумот за демократија кој го води харизматичниот Тиери Баудет и кој им се обраќа на поконзервативните но пообразовани гласачи.

Куриозитет на овие локални избори е и тоа што за влегување во градски совети се кандидирани и двајца четиринаесетгодишници, во Тибург и Сомерен. Доколку бидат избрани, ќе мора да почекаат да наполнат 18 години за да ја преземат должноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.