Паѓа бројот на туристите од земјите од регионот што се одмораат на охридско-струшкото крајбрежје последниве две-три години, пишува Дневник. Туристите од соседството, кои изминативе години беа најчести посетители на Охрид и Струга, се поретко се решаваат да го поминат одморот во земјава. Поради тоа, хотелиерите поучени од позитивното искуство со гостите од Холандија и Белгија, бараат државата да го субвенционира и престојот на туристите од регионот во Македонија.
Асоцијацијата на хотелиери од Македонија (ХОТАМ) побара државата да ги субвенционира туроператорите со по 45 евра за секој странски турист од околните земји што со авион ќе дојде во земјава. Односно, за овие туристи да има посебни бенефиции. Притоа, субвенционирањето исклучиво да се однесува на чартер-летови или помали групи, кои доаѓаат со редовни авионски линии. Државната помош би се однесувала на туристи од Србија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Турција, Австрија, Словачка, Полска, Чешка и Романија.
Целиот текст прочитајте го тука.