Холифилд најави враќање во рингот

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, боксерската легенда Ивандер Холифилд потврди дека се враќа на рингот. Педесет и седумгодишниот Американец ќе учествува во ревијални мечеви.

– Шампионот се врати. Би сакал да објавам дека ќе се вратам во рингот. Ќе боксувам во ревијални мечеви за големо дело, изјави Холифилд за порталот „ТМЗ“ кој објавува информации за познатите личности.

Претходно, 53-годишниот Мајк Тајсон исто така ја објави својата желба да ја продолжи кариерата во боксот за да учествува во добротворни борби.