Холивуд заинтересиран за парцела во касарната во Битола

Перси вон Липински, поранешен дипломат, наградуван новинар на Си-ен-ен уште попознат уште и како „патувачки гуру” и во последните години дел од Универзал Студиото во Холивуд како „ловец на атрактивни локации” се наоѓа во Битола заедно со екипата која наредните денови низ цела Македонија ќе снимаат промотивни филмови за Македонија.

Тој вечерва се сретна со градоначалникот д-р Владимир Талески и договорија соработка за три можни проекти, снимање документарен филм за Битола, снимање игран филм во Битола со Мерил Стрип или Стивен Сегал и трето градење филмско студио на парцела во некогашната касарна во Битола каде што сега е и филмскиот град.

„ Ние сме заинтересирани за да инвестираме во филмската индустрија овде во Битола и очекуваме помош и подршка и од Владата на Македонија и од општина Битола” рече Липински.

Градоначалникот на Битола рече дека оваа убава вест и договорната соработка се уште една потврда на заложбите што ги прави општината за Битола да стане што попривлечна дестинација и за инвестицои во филмската уметност.