Холивудска ѕвезда се пофали дека добила подарок од Атиџе

272

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Instagram, на кој ја следат преку два милионa луѓе од цел свет, се пофали дека добила подарок од Атиџе.

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.

Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Twitter ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“. Актерката беше одушевена од филмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.