Холограмската турнеја на Ејми Вајнхаус во 2019-та

Холограмот на прерано починатата соул-џез пејачка Ејми Вајнхаус ќе биде испратен на светска турнеја кон крајот на идната 2019 година, пишува британскиот весник The Guardian.

Според најавите, проекциите на пејачката ќе изведуваат дигитално ремастерирани песни, меѓу кои и хитовите како „Rehab“, „Back to Black“ и „Valerie“ со пратечки вокали и бенд во живо. Настапите на холограмската Ејми Вајнхаус би требало да траат меѓу 75 и 110 минути.

Турнејата ќе ја продуцита куќата „BASE Hologram“, која користи холографска филмска технологија за продуцирање живи настапи и атракции, во партнерство со семејството на Вајнхаус.

„За нас ова е како сон. Претставува нешто посебно да ја видиме повторно на сцената и тоа не може да се опише со зборови. Музиката на нашата ќерка ги допре животите на милиони луѓе и извонредно многу ни значи што нејзиното наследство ќе се одржи на овој иновативен и револуционерен начин“, изјави таткото на пејачката, Мич Вајнхаус.

Додава дека целта на турнејата е да се подигне свеста и да се соберат средства за добротоворното здружение The Amy Winehouse Foundation кое ги едуцира младите за злоупотребите на дрогите и алкохолот, им дава поддршка на оние кои се во опасност, и го поткрепува развојот на младите во непололна позиција низ музиката.

Вајнхаус светската слава ја стекна со албумот „Back To Black“ објавен во 2006 година, со кој освои пет престижни музички награди Греми. Последниот настап го имаше на белградскиот „Туборг фестивал“ во јуни 2011 година. Хаотичниот сет на кој Вајнхаус одвај ги изговоруваше текстовите од нејзините песни заборавајќи ги имињата на челновите на нејзиниот бенд, доведе до откажување на европската турнеја.

Беше пронајдена мртва на 23-ти јули во 2011 година во нејзиниот стан во Лондон. Починала од труење со алкохол, а напуштајќи ги овој свет на 27 години, му се придружи на ткн „Клуб 27“, извонредно талентирани и влијателни рок музичраи кои починале на 27-годишна возраст, како што се Брајан Џонс, Џими Хндрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобејн и други.

Новиот документарен фулм за Ејми Вајнхаус, под истиот наслов како и албумот што ја прослави „Back To Black“, ќе се појави на пазарот во ноември годинава. Тој ги содржи инсертите од последните интервјуа кои се согласила да ги даде, но и нови разговори со нејзините блиски соработници Марк Ронсон и Салаам Реми.

Турнејата на Ејми Вајнхаус е најновиот проект на „BASE Hologram“, која има тековни претстави посветени на легендарниот рокер Рој Орбисон и оперската дива Марија Калас, а следната година ќе го претстави проектот базиран темата „Откритија: Светот на диносаурусите на Џек Хорнер”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.