Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

67

Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската унија во овој регион, вели германската амбасадорка Анке Холштајн во неделното интервју на Радио слободна Европа за меморандумот кој го достави Бугарија до земјите членки во ЕУ во којшо најавува опструкции за земјава.

-Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската унија во овој регион, вели Холштајн.

Таа порачува дека во следниот период треба да се посветиме на борбата против корупцијата, реформите во правосудството, правната држава.

-Клучно секако дека е правна држава, борба против корупцијата, вклучувајќи ги реформите во правосудството исто така е многу важно брзо да се однесе законот за забрана од дискриминација и изборниот закон да се прилагоди соодветно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Основно за многу области во општествениот живот е пописот кој е планиран за април и Северна Македонија треба да почне да се позиционира за економските предизвици во внатрешната економија, но тоа сè се рефлектира во Владината програма, вели Холштај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.