Хонг Конг се подготвува за масовни протести против Пекиншката контрола

Во Хонг Конг се подготвуваат за протести утре, на кои организаторите очекуваат најмалку 500.000 луѓе, што значи постои можност тоа да бидат најглемите демонстрации во поновата историја. Протестите се организирани со цел да се промени постапката за избор на управител на градот Хонг Конг, односно главен изршен директор на градот, пишува „Гардијан“.

Про-демократските протести организирани од групата Окупирајте го Центарот со љубов и мир (Occupy Central with Love and Peace) најавиле дека скоро 798.000 жители на Хонг Конг гласале на „цивилниот референдум“, неофицијално гласање поврзан со прашањето како нивниот иден градски шеф треба да биде избран. Пекинг сето тоа го отфрла. Еден владин претставник го нарекол гласањето невалидно и нелегално, а државните кинески медиуми го нарекле фарса и шега. Вебсајтото на референдумот бил блокиран преку сајбер напад.

Хонг Конг, поранешна британска колонија е владеен во систем на „една земја, два система“, рамка која се користи отакако е вратен во состав на Кина во 1997 година. Овој принцип им дозволува на 7-те милиони жители на Хонг Конг цивилни слободи кои не постојат во останатите делови на Кина- право на слободен говор и собрание, слободен печат и независно судство. Сепак многу од жителите имаат чуство дека влијанието на Пекинг врз регионот пораснало во изминатите години.

Од 1997-ма година уравителот на Хонг Конг се избира од комитет од 1200 лица кои ги именува Пекинг. Владата на Кина ветила дека Хонг Конг ќе добие систем на гласање „човек по човек“ до 2017 година.