Хонгконг потврди техничка рецесија, прва по глобалната финансиска криза

Хонгконг потврди во петокот дека неговата економија во третиот квартал ја завршила во рецесија, прва во последните десет години, поради ескалацијата на антивладините протести и американско-кинеската трговска војна.

Економијата во периодот од јули до септември забележалa прилагоден пад на активноста од 3,2 отстo во однос на претходните три месеца, покажале ревидираните податоците на хонгконшката влaда, во согласност со прелиминарната процена.

Со тоа бруто домашниот производ (БДП) е намален втор квартал со ред, што значи дека економијата е во техничка рецесија која обично се дефинира како двe последователни тримесечја пад на актвиностите на квартално ниво.

Во однос на истиот мериод минатата 2018 година, хонгконшкиот БДП е намален за 2,9 отсто, исто така, во соглано со прелиминарната процена. Тоа е најслабиот резултат од глобалната финансиска криза пред десетина години.

Повеќемесечните судири на демонстрантите со полицијата го турнаа овој финансиски и трговски центар во најтешката криза од 1997 година, кога поранешната британска колонија се врати во рамките на матицата Кина. Туристите ги откажуваат резервациите, малопродажниот сектор ги притиска остриот пад на прометот, а паѓаат и цените на пазарот на акциите, зајакнувајќи го притисокот врз градот, кој веќе ги чувствува последиците од забавувањето на кинеката економија и продолжениот американскио-кинески трговски судир.