Хонгоншката полиција на вооружените демонстранти им се закани со боева муниција

207

Полицијата на Хонгконг предупреди ноќта кон понеделникот дека има намера да користи „вистински куршуми“ соочена со смртносните оружја корситени против нејзините припадници во текот на судирот околу универзитестскиот кампус последните часови, кој стана главната база на протестите против владата на овој кинески полуавтономен регион.

Откако полицаец беше ранет со стрела која ја истрелал демонстрант околу кампусот опркуржен со запалени барикади, полицијата во текот на ноќта издаде предупредување дека ќе употреби боева муниција. Тоа е првото предупредување од вакво вид од почетокот на протестите. Од почетокот на јуни оваа поранешна британска колонија со 7,5 милиони жители ја потресува најтешката политичка криза по враќањето во 1997 година во матицата Кина.

Државните медиуми неколкупати предупредвуаат дека кинеската војска, која е стационирана во другите места од полуоавтономниот регион, може да интервенира во спречувањето на насилствата на протестите.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг претходно седмицава издаде досега најјасно прдупредување и предупреди дека протестите го загрозуваат принципот „една земја, два система“, до кој Пекинг се придржуваше како дел од договорот за враќањето на Хонгконг во рамките на Кина.

Во неделата ноќта стотици демонстранти се повлекоа во кампусто на Пилитехничниот универзитет на Хонгконг (PolyU) во квартот Кoвлун, каде што запалија огнови за да ја спречат полицијата да влезе на територијата на кампусот. Нивната намера, исто така, е да ги задржат блокадите на тунелот „Крос Харбор“ под теснецот Викторија, кој е затворен уште од вторникот. Овој најфреквентен од трите подводни тунела кои го поврзуваат острвото Хонгконг со копното останува и натаму блокиран.

На почетокот од летото масовните протести беа покранати притив намерата на хонконшките власти да го донесат законот кој би овозможувал предавање на обвинети во Кина. Подоцна овој предлог-закон беше целосно повлечен, но сепак протестите продолжија со поддршка, како што обинува Пекинг, од Западот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.