Хорфорд оди во Филаделфија

17

Американската професионална кошаркарска НБА екипа Филаделфија 76-ерс објави дека го ангажирала 33-годишниот центар Ал Хорфорд кој минатите три сезони настапуваше во дресот на Бостон Селтикс.

Хорфорд, кој во НБА лигат влезе во 2007 година како трет избор на „драфтот“ и првите девет сезони ги мина во Атланта Хоукс, пет пати настапуваше на „Ол стар“ натпреварите, а минатата сезона имаше учинок од 14,6 коша и 4,2 асистенции по меч за Селтикс.

Сиксерс, исто така, го продолжија договорот со крилниот играч Тобијас Харис кого кон средината на минатата сезона го доведоа од Лос Анџеле Клипер. Харис во плеј-офот, во кој Филаделфија беше елиминирана до подоцнежните шампиони Торонто Рапторс во вториот круг по седум дуели, постигна 15,5 коша со 9,1 скокови по натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.