Хоризонт: Со Устав да се гарантира правото на паричен надомест за невработените, болните и инвалидите

Невладината организација „Хоризонт“ предлага уставни решенија од областа на социјалната заштита, поради, како што нагласи, неприменливост на донесените измени на Законот за социјална заштита.

– За таа цел предлагаме воУставот кој во моментот е во процес на измени, да се вметне посебен член во кој ќе се воведат и гарантираат следните три социјални права: право на паричен надоместој заради невработеност, паричен надомест по основ на болест и инвалидитет и право на социјална пензија – рече Ивица Младенов, претседател на здружението.

Во врска со првата основа, „Хоризонт“ предлага овој надомест да го добиваат лица на возраст од 18 до годините на старосна пензија, право на социјална пензија да имаат оние лица кои не оставуваат пензија по ниту еден основ, а паричниот надомест по основ на болест и инвалидитет да изнесува 70 отсто од просечната плата.