Хорор крај Софија, момчињата умирале бавно, без храна, вода и воздух!

Бугарските власти уапсија седум лица откако во напуштен камион во близина на Софија беа пронајдени тела на 18 авганистански мигранти. Возачите – шверцери доцна ги слушнале тропањата и криците за помош. Кога го сопреле камионот веќе било предоцна – 18 од вкупно 53 мигранти биле мртви. Преживеаните, од кои дел во многу тешка состојба, се хоспитализирани во пет болници во земјата, објавуваат бугарски медиуми.

Шверцерите не останале да им помогнат на преживеаните, туку ги оставиле во очајно тешка здравствена состојба. Тие побегнале и се обиделе да се скријат кај свои роднини во Бургас.

Според првичната истрага мигрантите умирале бавно и болно поради недостиг на кислород. Нивната агонија траела од 30 до 60 минути. Лекарски прегледи покажале и дека биле измрзнати и со денови не јаделе ништо.

Криминалната група од Бугаријас со каминот се обидела да пренесе 52 мигранти, сите млади момчиња на возраст од 13 до 33 години. Кај ниту еден од нив не биле пронајдени документи.

Во камионот имало посебна скривница обложена со фолија која требало да го прикрие нивното присуство од рентгенските камерите.

Кријумчарите ги презеле мигрантите од границата на Бугарија со Турција и имала намера да го ги транспортира до границата со Србија. Крајни дестинации на мигрантите биле Велика Британија, Франција и Германија, а за транспортот плаќале по 6 до 7 илјади евра. Од оваа сума возачите добивале само по 100 евра по мигрант, а менаџерот до 1.000 евра по мигрант.

Бугарските власти соопштија дека е уапсен и организаторот на групата на кого му е определен притвор. Возачот и неговиот помошник се обвинети за предизвикување смрт од невнимание. По уште еден осомничен полицијата распиша европска потерница.