Хорор во Белград: Момче се скарало со девојката, па скокнало од 13-ти кат на студентски дом

Триесет и три годишно момче се скарало со поранешната девојка и скокнало од 13 кат на студентскиот дом „Карабурма“ во Белград, пренесува РТС.

Во брзата помош соопштиле дека момчето починало на лице место.

Според неофицијални информации, момчето се качило во собата на неговата поранешна девојка, каде настанала караница меѓу нив.

Тој бил вооружен со пиштол, а меѓу нив дошло до туркање, пиштолот најверојатно пукнал еднаш, по што момчето скокнало преку прозорот, неофицијално дознава РТС.

Како што пренесува РТС, во тек е истрага за причините за инцидентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.