Хорор во Бразил: Пронајдени тела на 40 бебиња и фетуси

Во мртовечница во Бразил се пронајдени тела на 40 новороденчиња и фетуси кои бие заборавени со години.

Во мртовечницата се пронајдени и одреден број делови од тела, кои, како што тврдат обвинителите останале по итни ампутации.

– Тоа наликува на хорор филм. Наша цел е сега бебињата достоинствено да ги погребаме што е можно поскоро, изјави обвинителот Ана Критина Хут Масебо, додавајќи дека оваа болница е позната по високо ризичните породувања, што може да биде едно од појаснувањата зошто има толку мртви бебиња.

Директорот на болницата Родолфо Акатуасу Нуњес изјави дека родителите никогаш не дошле по телата на починатите и мртвородени бебиња.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.