Хороскоп за периодот на Полна Месечина: Нова љубов влегува во вашиот живот

Љубовта претставува давање и мора да знаеме кога треба да ја пуштиме и да и’ дадеме слобода.

Полната Месечина во Скорпија се случува на третиот знак. Наизглед осамен во сопствената рефлексија, но воопшто не е за потценување. Наизглед е тивок и мирен, но не е. Иако неговиот пат се испреплетува со Сонцето во Бик, оваа Месечина ни се случува под влијание на напнатиот аспект на Венера и Уран коишто прават конјукција под сеуште актуелниот тригон на Сатурн и Венера, како и квадратот на Плутон со Венера.

Месечината во Скорпија секогаш носи емоции што тешко може да се објаснат кога се надвор од контрола. Тие се длабоки и силни и секогаш се премолчани. Како грабливци во сенка што го чекаат сопственото будење. Со вечно будни очи и тоа во најситните часови. Тоа се промените во нас. Оние на кои што најчесто не сме подготвени. Тие се воедно мир и копнеж. Тие не разоруваат и си одат, но знаат да се вратат.

И овие денови ќе не скрши нескршливото. Нашите животи се испреплетени со смртта. Промените што влегле во нашите животи имаат намера тука да останат. Ќе не разорат тајфуните на осаменоста. Нашите опустошени светови како никогаш истовремено да не биле поисполнети и попразни. Сме се соочиле со најлошото што можело да биде – со препуштање.

Овде нема спротивставување. Сакале, не сакале, ни се случува. Секој наш обид да ги поправиме нештата делува како трчање во место. Иако многу сакаме, излегува дека контролата е во рацете на некој друг. Се гриземе, се кубиме, крвариме од обиди, стануваме кога никој не би станал, тераме напред, ги извлекуваме последните атоми сила и повторно губиме. Или барем сметаме дека е така.

Преплавени сме со разочарувања. Загледани длабоко во себе. Се чувствуваме виновни и така ги дочекуваме утрата. Или тоа е уште едно будење во кое немало сон. Деновиве имаме кошмари. Полуразбудени застануваме пред огледалото и го рушиме, не сфаќајќи дека самите за себе сме она најдоброто што го имаме.

Периодично подзастануваме. Немаме глас. И се што правиме, како да неможеме да го направиме. Овој пат неможе да биде по наше. Затоа што, иако Месечината во Скорпија многу ги сака припаѓањата, речиси категорично и силно, посесивно, до последен милиметар, сепак ова е приказна за учењата за слободата.

Се што сакаме мора да биде пуштено. Мора да го најде својот пат. Мора да добие ослободување, затоа што љубовта е наша само кога даваме, а земањето нема никаква поврзаност со тоа. Иако е тешко, можеби најтешко од се, дури кога сме способни да го пуштиме, тогаш тоа е она што најмногу го имаме. Тогаш можеме да го наречеме свое.