Хороскопските знаци и храната

Слатко или кисело, месо или зеленчук, од глад или поради емоции, како се хранат хороскопските знаци.

Овен: Претставниците на овој знак треба да јадат што е можно помалку оброци дневно, без оглед на обврските кои ги имаат. Тие се раздразливи и многу лесно можат да се разлутат кога се гладни.

Бик: Биковите во најголем дел од времето, гладта ја чувствуваат навечер и затоа им одговара да јадат високо калорична вечера. Тие за вечера нема да ја решат гладта со било што, туку ќе си подготват оброк со месо.

Близнаци: Близнаците треба да избегнуваат да конзумираат житарици и силно кафе, бидејќи тоа воопшто не им одговара. За да го избегнат претерувањето со храната, треба да јадат редовно со семејството или пријателите.

Рак: Раковите многу лесно можат да наталожат вишок килограми, така што доколку се внимателни и се грижат за количината на внесени калории, сè ќе биде во ред. За нив е добро да јадат кога во потполност се смирени, бидејќи тие храната ја поврзуваат со емоциите и често знаат да претераат.

Лав: Лавовите не можат да го замислат својот живот без добар сендвич. Поради тоа, тие обожаваат многу сендвичи припремени со бело месо и зеленчук. Исто така, ќе уживаат и во порција месо со добро лепче.

Девица: Девиците треба да го намалат внесот на леб и масна, зачинета храна. Освент тоа, треба да внимаваат подобро да ја џвакаат храната за време на јадењето и да не брзаат.

Вага: Претставниците на овој знак обожаваат обилен појадок, бидејќи им е потребна енергија за целиот ден. Што се однесува на останатите оброци во текот на денот, тие можат да бидат помали, но вагите никогаш не би ги прескокнале.

Скорпија: Скорпиите немаат никакви проблеми со храната, но во секој случај треба да избегнуваат да конзумираат алкохол. Им се препорачува поголема количина на вода во текот на денот.

Стрелец: Стрелците треба да избегнуваат брза храна. Освен тоа, со оглед на тоа дека храната има големо влијание на нивното расположение, тие треба да избегнуваат прејадувања.

Јарец: Припадниците на овој знак обожаваат да готват и експериментираат. Меѓутоа, со оглед на тоа дека често немаат време за експерименти, во фрижидерот секогаш имаат намирници кои можат лесно и брзо да се подготват.

Водолија: Водолиите мораат да научат да престанат да јадат кога се чувствуваат сити, бидејќи во спротивно ќе имаат големи проблеми со прекумерната тежина.

Риби: Рибите имаат чувствителен желудник и затоа ретко кога можат да поднесат мрсна, зачинета и горчлива храна.