Хотели „Метропол“ прокнижија добивка од над 32,4 милиони денари

Хотели „Метропол“ од Охрид успеаја, и покрај кризата на домашниот и странскиот туристички пазар, да остварат позитивен финансиски резултат од 34 милиони 440 илјади денари, стои во Образложението за остварените финансиски резултати, објавено на Македонска берза.

„Во периодот од први јануари до 31-ви декември минатата година хотели ’Метропол’ своето работење  го остваруваше во услови  на економска и финансиска криза како на меѓународниот така и на домашниот туристички пазар. Поместувањата на приоритетните пазари за меѓународните туристички субјекти, патната инфраструктура, но и неповолните климатски услови, особено во периодот на висока сезона, а секако со промената и прилагодувањата кон другите услови и превземени активности доведоа до намален остварен број на ноќевања од 71.349 или 9,42 отсто во однос на истиот период во 2012 година, и забележан  позитивен  финансиски резултат во износ од 32.440.000 денари“, стои во Образложението.

Остварениот вкупен приход од  152.848.000  денари е за  9,40 отсто  помал  во однос на истиот период од минатата  година кога изнесуваше 168.704.000 денари. Вкупните расходи во износ од 120.057.000 денари се намалени за 11,40 отсто  во однос на расходите во истиот период минатата година кога беа во износ од 135.508.000 денари. Данокот од непризнаени расходи изнесува  351.000 денари.

Остварениот финансиски резултат е позитивен со оглед на периодот за кој што се однесува како и со оглед на условите и трендовите присутни на туристичкиот пазар во земјава.