Хоти: Взаемното признавање на Косово и Србија е единствена тема на преговорите

„На секоја средба што ја имав и ќе ја имам со претставниците на Србија, заемното признавање Косово е единствената тема“, вели премиерот на државата, Авдулах Хоти.

„Само взаемното признавање на Косово и Србија ги нормализира односите меѓу двете земји и го смирува овој дел од Балканот и Европа“, напишал тој на својот профил на Фејсбук неколку дена пред средбата меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.

„Сè за што се разговара е во функција на постигнување договор за меѓусебно признавање, без загрозување на територијалниот интегритет или единствениот карактер на државата Косово“, тврди Хоти.

Косово останува посветено на дијалогот, бидејќи, како што го опишува Хоти, тоа е „европска земја“, со „јасна евроатлантска ориентација“.

За Хоти, овој процес е „целосно јасен“, поради што тој нема да се двоуми со дијалогот, пренесува порталот „Kossev“.

„Затоа ги повикувам политичките сили на Косово, позицијата и опозицијата, да бидат обединети во овој процес. Политичката конкуренција меѓу нас, која треба да биде демократска и заснована на уставот, може и треба да се развива на други теми во политиката, економијата, образованието, здравството и други области“, стои во изјавата на Хоти.