Поранешниот началник на Главниот штаб ба Хрватскиот совет на одбраната (HVO), генералот Слободан Праљак умре во болницата во Хаг откако во судницата на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија испи отров по потврдувањето на казната од 20 години затвор за воени злосторства сторени врз муслиманскот бошњачко населние во текот на војната од 1992 до 1995 година во Босна и Херцеговина.
Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал во средата во Хаг ја изрекуваше жалбената пресуда во предметот за шестмината босанскохерцеговски Хрвати осудени во 2013 година. Откако советот му ја потврди првостепената пресуда на Праљко од 20 години затвор, тој рече „Генерал Праљак не е воен злосторник и со презир ја отфрлам вашата пресуда“ и испи содржина од шишенце.
Претседавачкиот судија Кармел Агиус го прекина со зборовите „станете, ве молам“, и потоа продолжи со изнесувањето на пресудата за генерал Миливој Петковиќ. Набрзо на судијата му се обрати едена од адвокатките на Праљак, велејќи дека нејзинот клиент ѝ кажал дека штотуку испил отров.
Судијата Агиус потоа побара да се спуштат завесите и го прекина рочиштето. На Праљак му беше пружена итна медицинска помош и реанимација, но беше објавено дека е во „многу критична сиутуација“. Во 14,34 часот, откако рочиштето со читање на пресудите требаше да продолжи во 14,15 часот.
Советот пред тоа обкави дека уважил дел од жалбените основи на одбраната и на обвинителството, но истовемено порача дека цивините и воените челници на босанските Хрвати, и покрај прифаќањето на некои од жалбите, „и натаму се виновни за бројни и тешки злосторства во БиХ“.
Апелациоскиот совет на Трибуналот на поранешниот претседател на владата на Херцег Босна, Јадранко Прлиќ, му потврди 25 години затвор, како и на поранешнот министер за одбрана на ентитетот Бруно Стојиќ 20 години затовор, но по инцидентот на Праљак го прекина рочиштето без да ја објави одлуката за поранешниот началник на Главнито штаб на HVO, миливој Петковиќ, на поранешниот командант на воената полиција Валентин Ќориќ, и на началникот на Бирото за размена на заробениците, Берислав Пушиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=wDcQn_1VOLY