Христијан Мицкоски се сретна со Клеменс Која – шефот на мисијата на ОБСЕ

32

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на денешниот ден оствари повеќе средби при што се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која и амбасадорот на Република Финска, Кимо Лахдевирта.

На средбите се разговарало за актуелната политичка состојба во државата, проблемите со кои се соочува државата, но и за претстојните парламентарни избори во Република Македонија.

„Мицкоски на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија ја истакна важноста на претстојните избори за иднината на државата, пред се потенцирајќи дека за македонската европска перспектива клучно е истите да поминат во фер и демократска атмосфера за граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја и незадоволство од политиките на власта.

На соговорниците Мицкоски како еден од клучните проблеми со кои се соочува државата им ги посочи криминалот и корупцијата и големиот број на случаи на висока корупција во највисоките ешалони на власта кои се уште немаат правна разрешница“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

При средбата со финскиот амбасадор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочил одличните односи помеѓу двете држави, но притоа потенцирал дека соработката помеѓу Македонија и Финска може и натаму да се продлабочува, особено на полето на трговската размена и инвестициите. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работела токму во насока на подобрување на економската соработка помеѓу двете држави.

Соговорниците се согласиле дека европската иднина на Македонија е од стратешки интерес за државата, а соработката на ВМРО-ДПМНЕ со европските партнери држави и организации е од клучно значење.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.