Христијан Мицкоски се сретна со Овен Паун – директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија и претставници на ИРИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со директорот на Меѓународниот републикански институт за  Македонија, Oвен Паун и претставници на ИРИ.

На средбата е дискутирано за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, наведуваат од оваа партија, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.

„Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со Уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена ррака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.

Соговорниците беиле согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи.