Македонија

Наводните превирања во ВМРО ДПМНЕ излгеда се лажни вести Христијан Мицкоски го престројува ВМРО ДПМНЕ, со силна поддршка од Централниот комитет

Христијан Мицкоски го престројува ВМРО ДПМНЕ, со силна поддршка од Централниот комитет

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, добил силна и безрезервна поддршка вечерва на состанокот на Централниот комитет на партијата, дознава НетПрес од партиски извори.

Според напите информации, неговите предлози за икслучување од редовите на партијата на сите оние кои правеле раздор меѓу членството биле прифатени едногласно. Па, така градоначалник0т на Кавадарци и потпретсадател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, е исклучен од партијата и тоа едногласно од сите членови на Централниот комитет. Иста судбина како Јанчев доживеаа и реформаторите Костадин Богданов и Петар Богојевски. И за нив сите членови на Централниот комитет се изјасниле дека повеќе не се пожелни во ВМРО ДПМНЕ.

Освен ова, Мицковски на состанокот предложил одржување на конгрес на ВМРО ДПМНЕ, но овој негов предлог бил едногласно одбиен.

Инаку, денеска, преку своите профили на социјалната мрежа „Фејсбук“, пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски и Антонио Милошоски, како и дузина други функционери на партијата, му дадоа отворена и безрезервна поддршка на Христијан Мицкоски.

Претходно во текот на денот, медумите блиски од СДСМ објавуваат информации дека поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков, наводно подготвувал смена на Христијан Мицкоски. Попладнево во јавноста се огласи и Мијалков ги демантираше овие ифнормации и ги нарече обични шпекулации.

Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија, се вели во изјавата на Сашо Мијалков.