Хронично болните до 23 септември ќе треба да добијат потврда за болеста

Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. Ако не завршат до 23 септември, ќе има ново пролонгирање.

Ова е заклучено на утринската средба на министерот за здравство Венко Филипче и здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, „Нефрон“, „Хепар“ и други, кои реагираа на владината одлука за враќање на работа на хронично болните.

За да можат да го реализираат тоа, Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на платформата „Мој термин“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.