Хрват брутално ја убил девојката

Поради убиството на својата 39-годишна девојка Анита, Иван Краљ е осуден на 18 години затвор, пренесува „Курир.рс“.

– Жал ми е, засекогаш ќе ми биде во срцето – изјавил тој.

Пред убиството, тие имале расправија, па им било забрането да се приближуваат еден на друг.

Сепак, на 20-ти мај се сретнале, а тоа завршило кобно за Анита.  Тој брутално ја избодел со нож.

– Ја убив својата љубов – биле неговите зборови по злосторството, штом се јавил во полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.