Хрват испешачи 200 километри за децата со ретки болести

Саша Павлиќ, кој изминативе денови испешачи приближно 200 километри со дрвен крст на својот грб, пристигна во Загреб каде со огромен аплауз го дочека група родители и деца, јавува РТС.

Павлиќ се одлучи на овој потег револтиран од одлуката на хрватските власти да доделат пола милијарди долари за купување на 12 половни авиони, додека во фондовите за ретки лекови и детски болести се речиси празни.

– Ние одлучуваме дали воопшто ќе не има. Мораме да знаеме да си ги заштитиме своите деца. Што да им кажам на тие луѓе? Сите знаеме што ќе кажат, ако воопшто излезат. Отцепени се од народот, отцепени се од се. Зарем не можеме за стотина деца да дадеме се што треба? Ова е прашање за сите нас, вие одлучувате што ќе читате во весниците и на порталите. Четири милиони граѓани ќе кликнат нешто бесмислено – рече Павлиќ пред зградата на Владата.

Павлиќ во саботата го започна својот марш од Ријека до Загреб. За време на патувањето имал проблеми со ногата поради што имал големи болки.

Тој вели дека носењето на крстот, кој инаку сам го направил, е едноставно порака дека за авиони има пари, а за децата нема.

Во Загреб, Павлиќ бил пречекан од мајки чии деца имаат ретки болести, по што заедно се упатиле кон Владата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.