Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита.

За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго. Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.