Хрватите повторно ги протеруваат Србите, Европа молчи!

Веќе протераните Срби од некогашната Република Српска Краина, повторно се протерани, бидејќи во Хрватска најавуваат објавување на регистар, односно попис на сите припадници на тогашната војска и полиција во Краина, а тоа значи распишување на илјадници нови потерници, пишуваат локалните медиуми.

Официјален Загреб најавува објавување на „регистар на сите припадници на агресорската војска, државјани на Хрватска, во текот на Домовинската одбрамбена војна“ и „регистар на сите против кои постојат докази материјални или сведоштва, кои ги товарат за злочин во Домовинската одбранбена војна“.

Бидејќи речиси сите воено способни мажи во Република Српска Краина, биле припадници на некои од воените или полициски формации, јасно е дека објавувањето на таквите списоци, всушност претставува ново објавување на потерници за тие лица.

Се работи за додатен притисок над Србите, да се откажат од барањата на било какви узрупирани права во Хрватска. Нови проблеми на Србите, кои се протерани од Хрватска ќе создаде и пописите за престој, бидејќи голем број на Срби од Хрватска имаат пријавено место на живеење во таа земја.

Меѓународните фактори за Србите протерани од Хрватска, молчат, како што молчеле во 1995 година, кога 250.000 лица под дожд од куршми и авионски бомби, ги напуштале своите домови во Краина.

Денес, 18 години после почетокот на протерувањето, никој не знае каде се сите Срби од Република Српска Краина, колку ги има и као се викаат. Оние кои се упатени велат дека тие се распрскани по целиот свет, од Австралија до Америка. Според некои податоци, повеќе од 20 илјади краински Срби останале да живеат во Република Српска, за да бидат што поблиску до својот роден крај, во кој им останала се што со години и векови стекнале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.