Хрватска бележи над 2.500 нови коронаинфекции и нов рекорд на починати

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.543 нови случаи на зараза со новиот коронавирусот, а починале уште 42 лица, што е втор ден по ред земјата да има најголем број смртни исходи во едно деноноќие од почетокот на епидемијата.

Како што извести во неделата хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита, вкупниот број на активни случаи во земјата денеска изнесува 15.678, а од нив 1.396 пациенти се на болничко лекување. На респиратори се 145 пациенти.

Од почетокот на епидмијата, вкупно се забележани 67.247 лица заразени со новиот коронавирус, од кои починале 794 луѓе. Вкупно оздравеле 50.775 лица, од кои 2.365 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов во Хрватска има 31.427 лица.