Хрватска бележи над 800 нови коронаинфекции и 15 починати

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 828 нови случаи на зараза со коронавирусот, а 15 лица починале, извести во понеделникиот Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на актвини случаи во земјата во моментов изнесува 10.919, а од нов 864 пациенти се на болничко лекување. На респиратор се 65 пациенти.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е забележан првиот случај на коронаинфекција, досега се потврдени вкупно 37.208 случаи на заразата, од кои починале 452 лица. Вкупно оздравеле 25.837 луѓе, од кои 1.038 во последните 24 часа.

Во самоизолација во целата земја во моментов има 26.730 лица. До неделаата вкупно биле тестирани 449.541 хрватски граѓанин, од кои 3.973 во последните 24 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.