Хрватска бележи речиси 1.900 новозаразени и 59 починати од коронававирусот

62

Во Хрватска во изминатите 24 часа со 5.356 тестови регистрирани се нови 1.886 случаи на зараза со коронавирусот, а починаче 59 лица како последица на компликациите предизвикани од болеста Covdi-19, соопшти во понеделникот Националнито штаб на Цивилната одбрана.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е потврден првиот случај на коронаинфекција, до денеска се забележани 152.239 случаи на заразата. Вкупно оздравеле 127.882 лица, од кои 3.443 во последното деноноќие.

Со последните 59 починати, вкупниот број смртни исходи од почекот на епидемијата во земјата изнесува 2.231.

На болничко лекување во моментов има 2.629 пациенти, од кои на респиратор се 277 или 40 лица повеќе отколку ден претходно. Во изминатите 24 часа во хрватските болници поради Covid-19 се примени 254 а отпуштени се 133 лица.

Бројот на активните случаи изнесува 22.124, а во самоизолација во моментов се 52.264 лица.

Хрватска досега на новиот коронавирус тестирала вкупно 816.241 лице.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.