Хрватска: Благ пораст на невработеноста

260

Стапката на невработеност во Хрватска бележи благ пораст во ноември минатата година, покажуваат податоците на Евростат.

Во Хрватска стапката на невработеност е зголемена на 18,6 отсто од 18,4 отсто колку што беше во октомври. Во ноември минатата година без работа биле 302 илјади хрватски граѓани. Во најновата земја членка на ЕУ во октомври без работа биле околу 73.000 млади лица.

Во исто време, невработеноста во евро зоната и во Европската унија во ноември остана непроменета во споредба со претходниот месец.

Во еврозоната, сезонски прилагодената стапка на невработеност во ноември изнесувала 12,1 отсто, а во ЕУ 10,9 отсто, што значи дека се задржани на ниво од претходниот месец.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.