Хрватска брои 486 нови случаи на корона вирус за 24 часа

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 486 нови случаи на корона вирус, како и четири починати пациенти

Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи е 2.662, а меѓу нив има и 382 пациенти на болничко лекување, од кои 29 се на респиратор.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 19.932 лица со Ковид-19, од кои 317 починале.

Вкупно се опоравиле 16.953 лица, од кои 258 во последните 24 часа. Во моментов има 12.424 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 353.526 лица, од кои 4.576 во последните 24 часа.