Хрватска ќе го повлече и последниот хрватски војник од „корумпираната“ Украина, вели Милановиќ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави во вторникот дека не знае ништо за можниот судир во Украина, потенцирајќи дека неговата земја нема на ниден начин да дозволи да биде инволвирана во некаква воена акција.

„НАТО ја зголемува безбедноста, ние не мораме ништо да направиме околу тоа, ниту, пак, ќе направиме нешто во иднина. Доколку дојде до ескалација ќе го повлечеме и последниот хрватски војник. Тоа нема врска со Украина, туку со политиката на (американскиот претседател Џо, Бајден), во што гледам конзинстентност и опасно однесување. Ова се случува во предградие на главниот град на Русија, а постојат начини да се сочува Украина, барем во 99 отсто“, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател вели дека администрацијата во САД е под притисок цврсто да се претстави пред руските интереси.

„Кога си замина (прерходниот американски претседател Доналд) Трамп, кого демократите го напаѓаа дека се однесувал како дадилка кон политиката на рускиот претседател Владимир) Путин, новата администрација е под постојан притисок од ‘јастребите’ од Републиканската партија, кон Русија да се однесуваат цврсто. Можам да го видам интересот на Русија, како и интересот на Украина. На Украина местото не 1 е во НАТО. Тоа е една од најкорумпираните земји во светот. Потребен е мир, да ја смириме политичката тензија и затоа Хрватска нема да учевствува во тоа“, додаде Милановиќ.

Инаку Хрватска, како што потврди подоцна министерот за одбрана Марио Боножиќ, во моментов нема ниеден војни во Укранина, а најблиску до зоната на ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија каде што има распоредени хрватски војници е Полска, каде има четворица офицери.