Хрватска е прва посериозна пречка за кариоките

127

Репрезентативците на Хрватска ја имаат таа чест, да бидат дел од свеченото отварање, да го одиграат првио официјален натпревар на јубилејното 20. Светско првенство, но за жал, избраниците на Нико Ковач, за противник го имаат домаќинот, го имаат можеби најголемиот фаворит за победничкиот пехар, репрезентацијата на Бразил.

Целиот свет, нормално освен Хрватска, но и поголемиот број на фудбалски стручњаци се убедени дека Бразил важи за апсолутен фавоти во овој дуел, дека трите бода ќе завршат на нивното конто, но предводникот на “коцкастите”, Нико Ковач пред натпреварот изјави дека Хрватска има решение за бразилската игра.

„Знаеме како да ја лимитираме играта на Неимар и на неговите соиграчи. Бразил не е само Неимар, Бразил има фантастичен тим, но и Хрватска има одличен тим, тим составен од искусни фудбалери. Сите мои фудбалери се горди на фактот дека го носат хрватскиот дрес, знаат колку се сакани. Јас можам да ветам дека ќе го оставиме нашето срце на фудбалскиот терен”, изјави Ковач.

Неговиот колега од спротивната страна, Луис Филипе Сколари ги потцети своите фудбалери дека ова е само првиот чекор, а до крајот на Мундијалот има седум чекори.

„Дуелот против Хрватска е првиот чекор. Бразил мора да направи седум чекори, само така ќе стигнеме до светската титула. Седум чекори, седум победи. Има голем притисок, но овие момци се навикнати на една таква атмосфера, станува збор за вистински професионални, кој мораа да профитираат од овој голем притисок, истиот мора да биде мотив плус. За Бразил нема друга опција, Бразил игра на победа”, изјави Сколари.
Дуелот помеѓу Бразил и Хрватска стартува во 22:00 часот, а ќе биде одигран Сао Паоло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.